Следете нѐ

РЕПРЕЗЕНТАЦИИ РАКОМЕТ

ЛАЗАРОВ: Патриотизмот го компензира недостатокот на квалитет!

Капитенот Кире Лазаров, очекувано прикажа уште една перфектна партија во дресот на Македонската ракометна репрезентација.

Благодарение на неговите осум погодоци, Македонија со победа го започна Мундијалот во Данска и Германија триумфирајќи против Јапонија со убедливи 38-29.

И покрај почетната еуфорија и радоста за победата, сепак во негов стил останува смирено на земја и вели дека има работи кои треба да се корегираат во следните натпревари.

„Според резултатот излегува дека лесно сме стигнале лесно до победата, но не беше така на теренот. Доста се подготвувавме за овој натпревар, веќе 3-4 дена и тоа вроди со плод, меѓутоа се боревме 50-тина минути додека го решиме овој натпревар. Не ми се допаднаа некои работи, кога доаѓавме во водство, гледајќи го семафорот, си земавме за право да правиме некои неодговорни шутеви, меѓутоа што е – тоа е. Рековме дека оваа е една нова репрезентација, која треба да се гради и затоа мислиме на нашата иднина. Момците од натпревар во натпревар ќе созреваат. Ова е голема победа за нас, голема за самодовербата, пред сѐ за младите. Мислам дека е очигледно, имаме недостиг на квалитет, а тоа можеме да го надополниме само со патриотизам и со национален набој како што беше случај денеска. Одиме понатаму, ништо не е променето, одиме чекор по чекор во обид да стигнеме до втората рунда. Следен е дуелот со Бахреин, кој сигурно нема да биде лесен за нас“, изјави Лазаров по мечот.

Sportmax.mk во Минхен – Борјан Неделковски

 

Повеќе од РЕПРЕЗЕНТАЦИИ РАКОМЕТ