Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Пораз во првиот меч за Еурофарм, во Германија

Нашиот претставник во ЕХФ Купот ја почна групната фаза со пораз на гостувањето кај Хановер, со 24:21 (16:14).

Остроушко и Граѓан постигнаа по 5 гола, Филип Кузмановски имаше 4 за македонската екипа. Кај домаќинот, Мортен Олсен стрелаше прецизно 7 пати.

По првото коло, во групата Б води Хановер, пред хрватскиот претставник Нексе кој што на гостувањето во Унгарија ја совлада Татабања со 27:28.

Во следното коло, на 17-ти февруари во Битола, Еурофарм Работник игра со унгарскиот претставник, а на 16-ти Нексе игра против германскиот.

фото: Hannover-Burgdorf

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ