Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Хрватска го отвори првенството со победа против Исланд

По голема борба за првите бодови во групата Б, победник е Хрватска. Благодарение на одличната игра на крајот на двете полувремиња, Хрватска го совлада Исланд со 31:27 (16:14).

Во неколку наврати водството се менуваше во текот на натпреварот, двете репрезентации имаа свои периоди, но тешко беше да се очекува дека Хрватска ќе дојде до победа по феноменалната серија одбрани на Исландскиот голман Бјоргвинсон и водството на репрезентацијата на Исланд од 2 гола разлика на 13 минути пред крајот.

Nekoliko puta su se timovi smenjivali u vođstvu tokom utakmice, oba sastava su imala svoje periode, ali je delovalo da će Hrvatska teško do trijumfa nakon fenomenalne serije odbrana Bjorgvinsona i vođstva „Ribara“ od dva razlike 13 minuta pre kraja.

Но, на сцена стапи Лука Степанчиќ. Тој ја презема одговорноста во најтешките моменти и со осмиот погодок ја врати предноста на шест минути пред крајот на натпреварот (27:26). Добрата одбрана во продолжение резултираше со контра напади за Хорват и Циндриќ за три гола предност, со што победникот беше решен.

Исланд: Арон Палмарсон 7, Арнор Гунарсон 5, Елвар Јонсон 5, Бјарки Елисон 4, Омар Магнусон 3, Арнар Арнарсон 2, Олафур Гудмунсон 1.

Хрватска: Лука Степанчиќ 8, Лука Циндриќ 6, Златко Хорват 5, Домагој Дувњак 4, Игор Карачиќ 2, Жељко Муса 2, Марин Шипиќ 2, Мануел Штрлек 1, Давид Мандиќ 1.

Фото: EHF Euro

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ