Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Ф4 турнирот на СЕХА-лигата повторно ќе се игра во Брест

Екипата на Мешков Брест ќе биде домаќин на завршниот турнир од СЕХА-лигата, откако челниците на регионалното натпреварување официјално ја потврдија веста.

Завршниот Ф4 турнир ќе се одржи на 2 и 3 април, а на него учество ќе земат домаќинот Брест Мешков, нашиот ракометен шампион Вардар, кој е актуелен бранител на титулата и хрватските екипи ППД Загреб и Нексе.

По завршување на регуларниот дел од сезоната, ќе бидат познати и полуфиналните двојки.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ