Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Франција на мускули го победи Бразил

Еден од најголемите фаворити за освојување на златниот медал, репрезентацијата на Франција во воведниот натпревар едвај го победи Бразил со резултат 24:22 од последниот натпревар кој се одигра во А групата во Берлин.

На полувремето Франција водеше со 16:13 и го држеше натпреварот под контрола, но во вториот дел се разиграа Бразилците и почнаа да им прават проблеми на фаворизираните Французи. Во 50-тата минута Бразилците стигнаа до израмнување 21:21, но на крајот преовлада искуството на Франција за конечен триумф на натпреварот.

Мишел Гигу и Дика Мем беа најефикасни кај Французите со по шест постигнати погодоци. Кај Бразил се истакна Хозе Толедо со осум погодоци.

По првото коло, Франција и домаќинот Германија имаат по 2 бода на чело на табелата, пред Русија и Србија кои имаат по еден освоен бод. Бразил и Кореа се без бодови.

Во следното коло Германија ќе се соочи со Бразил, Франција со Србија и Русија ќе игра против Кореа.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ