Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Франција заигра француски, налета Србија и настрада

Во последниот натпревар од Групата А која се игра во Берлин на СП 2019, Франција славеше убедлива победа против селекцијата на Србија со 32:21. Актуелниот светски шампион рутински ја забележа втората победа во оваа група.

По првиот дел, избраниците на селекторот Динар имаа водство од 15:12, но во вториот дел заиграа во својот препознатлив ритам и го демолираа составот предводен од српската ракометна легенда Ненад Перуничиќ.

Лудовик Фабрегас и Недим Ремили ги предводеа Французите до победата со по пет постигнати погодоци. Кај Србија се истакна играчот на Пик Сегед, Богдан Радивојевиќ со шест постигнати погодоци.

По комплетираното второ коло од Групата А, Германија и Франција се на делба на првата позиција со максимални 4 бода, пред Русија која освои 3 бода. Србија е 4-та со само 1 освоен бод, пред Бразил и Кореја кои се без бодови.

Во следното коло домаќинот Германија ќе игра против Русија, Франција ќе се сретне со Кореја, нашиот северен сосед Србија ќе игра против Бразил.

Sportmax.mk во Минхен – Борјан Неделковски

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ