Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Уште еден лесен тренинг за Данците, збришан и Тунис

Ракометарите на Данска ја запишаа втората победа на СП на кое се домаќини заедно со Германија. Данците беа убедливи против селекцијата на Тунис со 36:22.

Домаќините започнаа фуриозно уште на стартот, а најрасположен беше Расмус Лауге кој буквално леташе во контра напади и постигнуваше гол за гол, па веќе во 7-мата минута резултатот гласеше 7:0 за фаворизираниот тим. Тунис до својот прв погодок стигна во 12-тата минута, најмногу благодарејќи на голманот Ландин кој несреќно си постигна автогол.

Во данскиот состав се функционираше беспрекорно, исто како што беше и против Чиле, па тренерот Николај Јакобсен мирно го следеше натпреварот од клупата со огромна доза на задоволство од играта на своите избраници.

Играч на натпреварот беше голманот на Данска, Николај Јакобсен со своите 13 одбрани. Најефикасни кај Данците беа Расмус Лауге и Микел Хансен со по 7 погодоци. Кај поразената селекција на Тунис, единствен кој беше на висината на задачата беше Маруан Чуиреф кој беше стрелец на 5 погодоци.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ