Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

ТАНКОСКИ: Играме се подобро и подобро, утре е време за победа…

Левиот бек на Металург, Марио Танкоски сезонава значително напредуваше, а тоа се должи на големата минутажа која ја добива.

И тој, како и тренерот очекува победа против Војводина, која ќе биде мотив за понатаму во домашниот шампионат.

“Утре го играме последниот натпревар во СЕХА-лигата за оваа сезона и тој за нас ќе биде добра увертира за претстојното македонско првенство. Од почетокот на оваа полусезона играме се подобро и подобро, како што рече и мојот тренер, и затоа мислам дека утре треба да победиме и тоа да ни биде мотив за понатаму во сезоната.

Некои од нас играа и лани, но ја немавме таа улога што ја имаме сега. Еве за мене лично, сезонава имав многу поголема одговорност. Ни беше тешко со заминувањата на Кузмановски, Јагањац, и на Керими.

Имаше некои натпревари кои требаше да ги победиме, но не успеавме поради овие наши проблеми. Ако ги искористивме своите шанси, сега ќе бевме можеби шести, а не деветти на табелата“, изјави Марио Танкоски.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ