Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Раул му покажа на Лазаров кој владее во Франција

Кире Лазаров и Нант доживејаа пораз со 34:29 на гостувањето кај фаворизираниот ПСЖ во рамките на 17-тото коло од француското ракометно првенство. Поранешниот селектор на Македонија и сегашен предводник на ПСЖ, Раул Гонзалез му покажа на Лазаров и неговиот Нант дека главниот збор во француското првенство го имаат тие.

“Светците” уште на самиот старт сериозно си ја сватија работата и веднаш почнаа да го зголемуваат водството, решавајќи го прашањето околу победникот уште во раната фаза од натпреварот. Најзаслужен за тоа беше ветеранот на голот, Тијери Омејер кој бранеше фантастично и му овозможи на својот тим да има целосна контрола во текот на целиот натпревар.

На полувремето, ракометарите на Раул заминаа со водство од 6 гола предност со резултат 19:13. Во второто полувреме ПСЖ продолжи со високото темпо и стигна до највисокото водство од 10 гола разлика (29:19). Откако, веќе се беше јасно, Раул им даде одмор на своите клучни ракометари, а Нант успеа да го искористи тоа и да ја намали високата негатива за конечни 34:29.

Кире Лазаров беше најдобар стрелец на Нант со 5 погодоци, исто колку што постигнаа и Њокас и Гурбиндо. Кај победничката екипа, најдобар стрелец беше Хрватот, Лука Степанчиќ кој воедно беше и најефикасен ракометар на натпреварот со 9 постигнати погодоци, а одличен натпревар одигра и Сандер Сагосен кој беше стрелец на 6 погодоци.

 

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ