Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Ракометна манија ја зафати Германија: Натпреварот против Кореја го следеле 6 милиони луѓе

Германија на отварањето на 26-тото СП во ракомет, кое што се одржува во Данска и Германија (10 – 27 јануари) забележа победа против Кореја со 30:19.

Според достапните статистички податоци, воведниот натпревар на германската репрезентација кој што е пренесуван на националната телевизија ZDF, го гледале околу 6,11 милиони луѓе.

Тоа се огромни 23,6 проценти, од сите гледачи кои што во тој момент го гледале националниот сервис.

Ракометот е еден од најпопуларните спортови во оваа земја, а Бундеслигата е меѓу најдобрите 3 лиги во Европа, со тоа и на светот.

Sportmax.mk во Минхен – Борјан Неделковски

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ