Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Полничкиот голман на Ангола ги освои симпатиите на СП

Ангола е најпријатно изненадување во првото коло на СП во Германија и Данска, откако во неизвесен натпревар го совлада Катар со 24:23, во првиот натпревар кој се одигра во Копенхаген во рамките на Групата Д.

Главен актер на натпреварот беше голманот на Ангола, Џовани Муачисенге кој бранеше фантасично на овој дуел, забележувајќи 18 одбрани со 45% успешност.

Полничкиот голман на Анголците беше најзаслужен за победата, а покрај извонредното издание кое што го имаше, тој ги освои симпатиите на публиката и со неговата физиономија.

Анголците имаа 4 позитива на полувремето со Катарците, водеа со 12:8, а во следното коло против Унгарците ќе имаат уште еден тежок натпревар.

Унгарија не е селекција што не може да се совлада, но затоа што ремизира во првото коло со Аргентина (25:25) ќе заигра во препознатливиот тврд стил што и нас неколку пати не чинел или пласман на големи натпреварувања или несакани порази на големата сцена, во сите спортови.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ