Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Парондо: Победата е за сите наши навивачи

Македонскиот ракометен шампион Вардар излезе како севкупен победник од четвртфиналниот двомеч против унгарскиот шампион Пик Сегед и заслужено се пласираше на завршниот Ф4 турнир во Келн.

Иако, многумина пред почетокот на сезоната не веруваа во големината и моќта на овој Вардар, играчите уште еднаш покажаа дека се еден од најдобрите ракометни колективи во Европа.

Огромна заслуга за одличната сезона и покрај сите проблеми со кои се соочуваат “црвено-црните” има шпанскиот стратег на клупата, Роберто Гарсија Парондо, кој не го криеше огромното задоволство по пласманот на Ф4 турнирот.

“Ова е неверојатно. Завршивме голема работа и за одиграното второ полувреме на момците треба само да им се честита. Многу лошо го одигравме првиот дел, и во нападот и во одбраната, но на полувремето се договоривме сите ракометари да го дадат најдоброто од себе и да се пласираме на уште еден Ф4, трет во низа.

Оваа победа е за сите наши верни навивачи во Македонија и овие најстраствените кои ни дадоа поддршка и тука во Сегедин. Ова е најслаткиот Ф4 од сите три до сега”, задоволно изјави тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ