Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

ОФИЦИЈАЛНО: Глеб Калараш си замина од Вардар!

Рускиот репрезентативец Глеб Калараш стави крај на сите дилеми, околу неговата иднина,откако рускиот специјалист за одбрана го напушти македонскиот и европски шампион Вардар и се пресели во редовите на Мотор Запорожје.

Калараш беше во Вардар само една сезона, но одигра многу значајна улога во дефанзивата на “вардарци”, повеќе од одлично заменувајќи го Илија Абутовиќ кој важи за еден од најдобрите ракометни дефанзивци.

Изминативе деновисе појавија информации кои говореа за можно останиување на рускиот џин во црвено-црните редови и покрај неговиот преддоговор со украинскиот тим, но сега веќе се тоа паѓа во вода по официјалната презентација на Калараш во дресот на Мотор Запорожје.

За Русинот ова ќе биде враќање во тимот на Мотор, за кој со успех настапуваше од 2015 до 2017 година.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ