Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

(ВИДЕО) Исланд се спаси од пораз против Грција

Ракометната репрезентација на Исланд се спаси од срамен пораз и едвај извлече реми против Грација, играјќи 28:28 во Кожани.

Репрезентацијата на Грција која е наш следен противник во последното коло од квалификациите речиси на дофат имаше нова сензација, бидејќи водеше со 28:26 на половина минута до крајот на натпреварот.

Сепак, неискуството на грчките ракометари од големи натпревари го зеде данокот, па тие набрзина примија два гола за конечни 28:28.

На табелата во моментов, Македонија е во водство со 7 бода, пред Исланд кој има бод помалку. Следи Турција со 4 бода и Грција со 3 бода.

Нашата ракометна репрезентација во недела во Струмица ќе ги пречека Грците и со триумф ќе го осигура првото место на табелата.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ