Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Германската машинерија го разби Бразил

Еден од домаќините на СП во ракомет, Германија ја демолираше селекцијата на Бразил со 34:21, во второто коло од Групата А. Со најновата победа Германците се искачија на првата позиција, а со играта која ја прикажуваат оправдано се сметаат за еден од претендентите за највисок пласман.

Германскиот состав уште по првиот дел го реши прашањето околу победникот, откако имаше водство на полувремето од 15:8. Во вториот дел само ја продолжија доминацијата и рутински го доведоа натпреварот до крајот.

Уве Генсхајмер беше предводник на Германците со 10 погодоци, додека кај Бразилците се истакна Хозе Толедо со 5 погодоци.

Во следното коло (понеделник, 14.01.2019), Германија ќе игра против Русија, во натпревар кој што се игра во 18:00 часот.

Sportmax.mk во Минхен – Борјан Неделковски

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ