Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Видовитиот Лино Червар го предвиде враќањето на Карабатиќ

Најдобриот ракометар на светот, Никола Карабатиќ, иако се рехабилитира по операцијата на стапалото, се враќа во репрезентацијата на Франција за настап на СП кое што се одржува во Германија и Данска.

Ракометната легенда настапува за француската репрезентација уште од 2006 година и ги предводеше Триколорите до четири светски титули, три европски и две олимписки злата.

На премиерниот настап на 26-то СП, Франција забележа тесна победа против Бразил со 24:22, по што репрезентативците, за играта, добија жестоки критики од јавноста и навивачите.

Веднаш потоа стигна веста што ја крена нацијата на нозе: Во репрезентацијата се враќа националниот спортски херој, Никола Карабатиќ. Французинот со балканско потекло ќе го пропушти и следниот натпревар, против Србија.

На една од последните прес конференции, пред СП, хрватскиот селектор Лино Червар изјави дека Карабатиќ ќе настапи на СП и дека ќе игра против Хрватска.

Останува да видиме дали Червар ќе погоди и дека Хрватската репрезентација ќе продолжи во следниот круг и ќе се сретне со Франција, бидејќи во вториот круг вкрстуваат Групата А и Групата Б (во која се наоѓа и нашата репрезентација).

Sportmax.mk во Минхен – Борјан Неделковски

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ