Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Вардар останува и без Карачиќ, Хрватот се сели во Кјелце

Хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ е најновото име кое го напушта Вардар и на лето се сели во Виве Кјелце, кај своите некогашни соиграчи Лука Циндриќ и Алекс Дујшебаев.

Хрватот потпиша тригодишен договор со полскиот ракометен великан.

Карачиќ е играчот со најголем стаж во Вардар од актуелниот состав, чијшто дрес го носи изминатите седум години.

30-годишниот среден бек, потпиша за Вардар во 2012 година и оттогаш па навака, со македонскиот првак освои се што можеше да се освои. По четири шампионски  и Куп титули во Македонија, две титули во СЕХА лигата, како и најголемиот успех кога во 2017 година ја освои европската титула.

“Ние сме среќни што успеавме да го донесеме Игор Карачиќ во Келце. Тој е одличен играч кој има огромно искуство од играње на највисоко светско ниво. Едноставно, Игор е играч кој му недостасуваше на Кјелце и веруваме дека со него во составот, следната сезона ќе бидеме многу посилни”, изјави претседателот на Виве Кјелце, Бертус Сервас.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ