Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

БРЕСТОВАЦ: Очекувам убедлива победа за крај

Во пресрет на последниот натпревар од СЕХА-лигата, на кој Металург ја пречекува екипата на Војводина, беше одржана редовната прес-конференција.

На неа, тренерот на “металурзите” и новиот селектор на машката ракометна репрезентација, Данило Брестовац изјави дека очекува сигурна победа во последниот натпревар од СЕХА-лигата сезонава.

“Утре ни претстои последниот натпревар во СЕХА-лигата на кој очекувам победа и тоа победа со повисока разлика. Тоа јасно им го кажав и на играчите.

Позитивна вест е тоа што Александар Шпенде од петокот почна да тренира со полн интензитет. Досега имавме проблем со ротација, но со Шпенде, екипата добива една сосема друга димензија.

Ако се сеќавате, во Нови Сад на мечот со Војводина бевме брутално претепани. Дури и нивниот тренер, во еден момент, кога водевме со 6-7 разлика, викна тајмаут и повика да не тепаат.

Искрено, се надевам дека ќе дојдат во полн состав. Како што играа таму со сите сили, сега нека биде така и овде. Ние сакаме да им се реваншираме, но на спортски план, не со тепање, и да видиме кој тим во моменнтот е поквалитетен. Мислам дека и мојата екипата се прилагоди и се врати во нормала, по поразот во Прешов“, изјави Данило Брестовац.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ