Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Ангола го совлада Катар и го приреди првото изненадување на Светското првенство

Ангола го шокираше финалистот од Светското првенство во 2015 година – Катар, совладувајќи го со 24-23 со гол во последната секунда од првиот натпревар кој се одигра во Д групата во Копенхаген.

Натпреварот не беше интересен за публиката, но оние неколку стотина љубители на ракометната угра имаа што да видат во мечот помеѓу двете неевропски репрезентации. Ангола доминираше во првото полувреме, прикажувајќи динамичен напад и интензивна одбрана.

Иако имаа одредени потешкотии во одбраната (кога имаа исклучувања), сепак останаа во водство. Иако многумина помислија дека е прашање на време кога Катар ќе ја преземе иницијативата и ќе дојде до водство, сепак на полувремето Ангола имаше водство од 12-8. Голманот на Ангола во првиот период имаше неверојатни 61% одбранети удари (11/18).

Почетокот на вториот дел му донесе 3 брзи погодоци на Катар, по што селекторот на Ангола повика тајм аут кој очигледно се исплатеше бидејќи набрзо разликата беше повторно 4 погодоци (17-13). Во продолжение на голот на Катар застана Даниел Шариќ, Ангола во неколку наврати направи технички грешки за резултатот да биде (17-17).

Како аутсајдер на првенството, Андора успеа да ги придобие симпатиите од трибините. Последнат минута од натпреварот беше исклучително возбудлива. Селекторот на Ангола повика тајм аут на една минута до крајот, по кој Ангола го изедначи резултатот. До крајот преостануваа уште 22 секунди игра. Последниот удар од Рафаел Капот го одбрани голманот на Ангола, за преку контра напад Клаудио Чикола да го совлада Шариќ и да и ја донесе на Ангола првата победа на едно големо натпреварување.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ