Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

ЛИНО ПРЕДУПРЕДУВА: Македонија игра одлично!

Дури и кога не е предизвикан, односно прашан, стариот лисец одлино си ја знае работата. Махерот за психологија, сам проговори за темите на кои што размислува, на почетокот на интервјуто за ХТВ:

„Македонија игра одличен ракомет, го познавам македонскиот ракомет и знам со каков квалитет располагаат Македонците.

Јапонците се репрезентација чија што сила ќе ја видиме во Токио 2020-та година, на ЛОИ. Покажаа дека имаат голем потенцијал.

Треба да ја корегираме одбраната, на Исланд му дозволивме многу, но сепак победивме иако не бевме доволно агресивни.“ – рече Лино Червар.

Селекцијата на Хрватска победи против Исланд (27:31) во првото коло, во најбитниот натпревар за Коцкестите во првата фаза на ова СП.

Мечот со Шпанија ќе им биде најтежок, но се игра на крајот на групната фаза, а сега се во позиција да ги совладаат Јапонија и Бахреин, а со Македонија не смеат да се опуштат.

Токму затоа, креаторот на многу наши репрезентативни генерации, преку школите на Металург каде што долги години Червар беше ментор, предупредува и вели – на готовс!

Sportmax.mk во Минхен – Борјан Неделковски

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ