Следете нѐ

ДОМАШЕН РАКОМЕТ

[ФОТО] Спектакуларен гол, каков ретко се гледа во ракометот

Иван Мошиќ е автор на досега најдобриот гол на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска.

Српскиот ракометар му даде гол на францускиот голман Жерар, буквално во последната секунда од првото полувреме за резултат 15:12. Мошиќ погоди од 13 метри, шутирајќи преку целата француска одбрана. Топката пролизга низ рацете на несмасниот Жерар и заврши во мрежата.

Тоа беше гол каков што ретко се гледа, настана еуфорија кај ракометарите на Србија веднаш по погодокот, но тоа како да ги разлути Французите кои во второто полувреме го декласираа противникот.

Sportmax.mk во Минхен – Борјан Неделковски

Повеќе од ДОМАШЕН РАКОМЕТ