Следете нѐ

ДОМАШЕН РАКОМЕТ

Ракометниот натпревар Македонија – Грција ќе се игра во Струмица пред 1.500 гледачи

Последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2020 година, репрезентацијата на Македонија ги игра против Турција на гости и Грција на домашен терен.

Нашите репрезентативци најпрво на 13 јуни ќе се соочат со турската репрезентација, потоа на 16 јуни ќе играат против Грција.

Токму натпреварот против Грците предизвика лавина реакции, откако ракометната федерација одлучи наместо во Скопје во “СЦ Борис Трајковски”, натпреварот да се одигра во Струмица.

Љубителите на ракометот коментираат дека ова е невкусна одлука и дека наместо во присуство на над 5.000 гледачи во Скопје, Македонија ќе мора да игра пред 1.500 во Струмица.

Со победа на овие два натпревари, Македонија ќе го се зацврсти на првото место во групата и ќе стартува од повисок шешир на наредните квалификации.

Повеќе од ДОМАШЕН РАКОМЕТ