Следете нѐ

ДОМАШЕН РАКОМЕТ

ПАРОНДО и ДИБИРОВ едногласни: Во Скопје одиме на победа против секого

Вардар е одамна пласиран меѓу 16-те најдобри во ЕХФ лигата на шампионите, а викендов го игра последниот меч од групната фаза. Противник е тимот на Монпелје, актуелниот европски првак.

Вардар групната фаза ќе ја заврши најмалку на третото место, а доколку триумфира против Монпелје, а Веспрем загуби, тогаш „црвено-црните” ќе бидат второпласирани. Од местото на табелата ќе зависи и кој ќе биде ривал на Вардар во осминафиналето.

„Ова ни е последен дуел од Лигата на шампионите и со победа ќе направиме одличен резултат. Фокусирани сме на натпреварот и сакаме да покажеме дека можеме да го совладаме Монпелје. Сепак, што и како ќе се случи ќе видиме потоа откако ќе ги знаеме другите резултати. Ние мораме да победиме за да можеме потоа да имаме одредени калкулации околу пласманот”, изјави Парондо.

Имаме 5-6 ракометари кои се жалат на повреди. Не можам со сигурност да кажам дали ќе играат или ќе одмораат. Ќе видиме од ден за ден колку ќе бидат подготвени и кои ќе можат да дадат 100 проценти на терен. Имаме план А, Б, Ц и Д и тоа на сите позиции. Сепак, можеме да имаме само 16 играчи во ростер, но мораме да размислуваме на тоа кои играчи можат да играат и напад и одбрана”, додаде тренерот на „црвено-црните”.

На првиот меч сезонава во Франција триумфираше Вардар.

„Мораме секого да го победиме на домашен терен. Без разлика кој е нашиот противник ние сакаме да победиме. Имаме проблеми со повреди на дел од играчите, но играме дома и сакаме да ја завршиме групната фаза со победа”, вели Тимур Дибиров.

Средбата Вардар – Монпелје е закажана за во сабота во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”. Сите што ќе купат билет или веќе имаат купено за натпреварот Вардар – Монпелје од ЕХФ лигата на шампионите ќе можат да присуствуват и на последниот натпревар пред домашна публика сезонава во СЕХА лигата, меѓу Вардар и Мешков.

Повеќе од ДОМАШЕН РАКОМЕТ