Следете нѐ

ДОМАШЕН РАКОМЕТ

Павел Атман е замената за Карачиќ во Вардар?

Најчуствителната позиција во екипата на Вардар во моментов е плејмејкер или организатор на играта. Откако Игор Карачиќ официјално потпиша за екипата на Келце ракометната јавност на големо се занимава со неговара замена. 

Веќе е јасно дека РК Вардар ќе биде конкурентен и следната сезона, оттука се повеќе играчи се поврзуваат со трансфер во европскиот шампион.

Неофицијалните информации говорат дека следната сезона играта на РК Вардар ќе ја организира поранешниот играч на Металург, моментално со ангажман во Хановер – Павел Атман.

Павел Атман утре ќе пристигне во Скопје за да и се приклучи на репрезентацијата на Русија која се подготвува во Скопје.

Дали раководството на Вардар ќе ја искористи оваа можност за да го убеди Атман да ги носи боите на шампионот следната сезона останува да видиме.

Повеќе од ДОМАШЕН РАКОМЕТ