Следете нѐ

ДОМАШЕН РАКОМЕТ

МИЛОСАВЉЕВ: Година од соништата, фала Вардаре!

Најдобриот голман на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн и воопшто во Лигата на шампионите со објава на Фејсбук се опрости од Вардар и Македонија.

Тој за само една година успеа да постигне неверојатен напредок и да ги придобие симпатиите на целата македонска ракометна јавност.

Објавата ви ја пренесуваме во продолжение:

Неверојатна година од мојот живот во еден од најголемите клубови на светот. Фала Вардаре во срце ќе те носам. Фала совршена екипо која многу ми даде и направи од мене она што сум во моментов! Фала на сите луѓе кои направија да се чуствувам убаво и да сум дел од вас.

Шампион на Македонија, Суперкуп на Македонија, СЕХА лига и ЕХФ Лига на шампиони!

Сонував со отворени очи и ви ја посакувам сета среќа на светот!

ЖИВЕЛИ!

Повеќе од ДОМАШЕН РАКОМЕТ