Следете нѐ

ДОМАШЕН РАКОМЕТ

Металург не успеа да го задржи победничкиот ритам

Металург не успеа да го задржи победничкиот ритам во СЕХА-лигата откако доживеа пораз на гостувањето кај Железничар со резултат 27:25 во 15-тото коло. “Металурзите” иако губеа во текот на целиот натпревар, сепак имаа активен резултат, но не успеаа да израмнат и покрај неколкуте можности.

Железничар чиј предводник е Веселин Вујовиќ замина на одмор со три гола предност 16:13. Во вториот дел почна израмнета игра со многу грешки на двете страни, а тоа одеше во прилог на домашниот тим кој ја одржуваше, па на моменти и ја зголемуваше предноста.

Сепак, Металург и покрај проблемите со исклучувањата на десетина минути пред крајот на натпреварот успеа резултатски да се врати во натпреварот и да дојде до еден гол негатива (24:23), при што преку Димитриоски пропушти можност и да го израмни резултатот.

Потоа, Железничар постигна нов погодок, со што ги урна сите надежи на момците од Автокоманда дека може да стигнат до поволен резултат на ова гостување. Крајниот резултат гласеше 27:25 во корист на српскиот тим.

Димитриоски и Танкоски со по четири постигнати погодоци беа најефикасни кај Металург, а одличен настап забележа и голманот Дупјачанец кој имаше 11 успешни интервенции. Во победничкиот тим најдобар поединец беше Вејин со шест погодоци.

Повеќе од ДОМАШЕН РАКОМЕТ