Следете нѐ

ДОМАШЕН РАКОМЕТ

Металург го совлада тимот на Бутел на контролата во Автокоманда

Во пријателски натпревар, Металург во Автокоманда го совлада тимот на Бутел, со резултат 30:26 (14:16).

Металург на оваа средба настапи без Шпенде и без Лазаревски, но металурзите успејаа да слават над гостите од Бутел и без нивната помош.

Во првото полувреме подобар впечаток остави тимот на РК Бутел. Се играше без посебен жар и со доста технички грешки. Бутел ја искористи неинвентивната игра на домашните ракометари и создаде предност, која ја задржа до крајот на првиот дел. Во 23-тата минута гостите ги имаа највисоките +5, 8:13, а првото полувреме заврши со резултат 14:16 во корист на Бутел.

Работите се променија во второто полувреме во кое Металург влезе со серија од 4:1, за водство од 18:17. Од тој момент се промени и карактерот на играта на двата тима, кои заиграа крајно мотивирано и со многу блиски контакти. Во еден момент, кон средината на второто полувреме, дојде до мал инцидент во кој учествуваа ракометарите на двата тима.

Средбата имаше неколкуминутен прекин и продолжи без по двајца ракометари на двата тима, кои заработија црвени картони. Конечниот резултат гласеше 30:26 со победа на домашниот тим.

Повеќе од ДОМАШЕН РАКОМЕТ