Следете нѐ

ДОМАШЕН РАКОМЕТ

Колкава е заработката на Вардар од освоената европска титула!?

Македонскиот ракометен шампион Вардар во текот на целата сезона се соочуваше со големи финансиски проблеми, поради кои дел од играчите одлучија да ги напуштат “црвено-црните” и да потпишат за други клубови.

Но, и покрај проблемите и неисплатените плати, ракометарите веа одлучни дека сакаат да успеат во дресот на Вардар и да направат подвид со кој ќе си го врежат своето име во историјата како на македонскиот така и на европскиот и светски ракомет.

Иако, речиси никој не веруваше во нив пред стартот на сезоната, ракометарите на Вардар по вторпат во клупската историја ја освоија титулата во Лигата на шампионите.

Пред настапот на завршниот турнир во Келн имаше многу полемики околу иднината на Вардар, а најцрното сценарио беше и целосно згаснување на клубот кој претставува македонска гордост.

Сепак, со освојувањето на титулата, како сите да заборавија на проблемите, најавена е помош за клубот од повеќе македонски компании и бизнисмени, а сопственикот Сергеј Самсоненко дури најави и атак на трета европска титула.

Од ден на ден е се појасно дека македонскиот тим и во следната сезона ќе биде кадарен за големи дострели.

Ракометот не е како фудбалот, кошарката, тенисот, па Вардар не може да се пофали дека добро заработи од ЕХФ за европската титула. но кога ќе се соберат сите премии, тогаш се доаѓа до солидна сума на пари која што ја заработија “вардарци” од искачувањето на тронот на Европа.

Со освојувањето на титулата, Вардар се пласираше и на Супер Глоуб, па ако одигра таму добро и стигне до титулаата може да добие и дополнителни 355.000 евра. За второ место премијата е 225.000 евра, додека за трето е 135.000 евра. Но, од ИХФ парите допрва треба да се заработат.

Еве колку заработи клубот од европската титула:

15.000 евра – премија од Неуромедика
135.000 евра – пласман на Ф4
500.000 евра – освојување на титула
500.000 евра – премија од Владата на Македонија
100.000 евра – премија од Град Скопје
100.000 евра – премија од АМС
135.000 – 355.000 евра – премија од Супер Глоуб (зависно од настапот на Вардар)

Кога ќе се соберат сите овие суми се доаѓа до бројка од 1.485.000 евра, а доколку Вардар има успешен настап и на неофицијалното светско првенство Супер Глоуб, паричната награда може да се зголеми до 1.705.000 евра.

Може да се каже дека овие пари се одлична основа за градење на нов тим кој како што најави Сергеј Самсоненко, ќе атакува на трета европска титула за само 4 години!

Повеќе од ДОМАШЕН РАКОМЕТ