Следете нѐ

ДОМАШЕН РАКОМЕТ

Еурофарм Работник ќе биде ослабен на гостувањето во Германија

Ракометарите на Еурофарм Работник пристигнаа во Хановер по авионскиот лет утрово од Солун.

Ескпедицијата е без повредениот Мемиќ и болниот Пецаковски, но се очекува првите минути за новиот тим да ги одиграат Стјепановиќ, Радоњиќ и Остроушко.

Вечерва екипата ќе одржи тренинг во 19:30 часот, а тренерот Чирковиќ тренинг сесија закажа и за утре изутрина.

Се предвидува и група македонски фанови од овој дел на Германија да ги бодри битолчани. Натпреварот се игра во сабота во 19:30 часот, а ќе го водат судии од Израел.

Фото: Еурофарм Работник

Повеќе од ДОМАШЕН РАКОМЕТ