Следете нѐ

ДОМАШЕН РАКОМЕТ

Еурофарм Работник со лесен триумф над Борец

Есенскиот првак Еурофарм Работник го започна пролетниот дел од Суперлигата со лесна и убедлива победа над РК Борец со 47:13.

Тренерот Алушовски ги одмори своите клучни ракометари по напорниот натпревар со Нексе и им даде шанса на помладите.

Тие целосно ја искористија шансата и постигнаа најголем дел од головите.

Каковски беше најефикасен со 14 постигнати погодоци, пред Блажевски со 13 и Мандиќ кој реализираше 10 погодоци.

Кај гостите од Велес се истакна Стојанов со седум погодоци.

Фото: Еурофарм Работник

Повеќе од ДОМАШЕН РАКОМЕТ