Следете нѐ

ДОМАШЕН РАКОМЕТ

Во продажба дополнителен број на билети за мечот меѓу Вардар и Веспрем

Поради големиот интерес на навивачите за присуство на натпреварот во сабота од 12-то коло во ЕХФ Лигата на шампионите, меѓу Вардар и Веспрем, од денес (четврток, 14 февруари) ќе бидат пуштени во продажба дополнителен број на билети.

Истите билети ќе бидат за стоење и ќе се продаваат по цена од 150 денари преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за во сабота во 17:30 часот.

Истиот е прогласен за меч на колото во Лигата на шампионите и ќе биде пренесуван преку ЕФХТВ со коментар на англиски јазик и ЕХФ ќе има целосен медиумски фокус на тој натпревар.

Повеќе од ДОМАШЕН РАКОМЕТ