Следете нѐ

ДОМАШЕН РАКОМЕТ

АЛУШОВСКИ: Сакам Еурофарм со едно лице, не со две како во Нашице

РК Еурофарм Работник одржа прес-конференција во пресрет на натпреварот против Нексе Нашице на домашен терен во 4-тото коло на ЕХФ Купот во Групата Б.

На средбата со новинарите говореа тренерот Стефче Алушовски и капитенот на екипата Гоце Ојлески.

“Сакаме да покажеме едно лице, а не две како во Нашице. Анализиравме и верувам дека в недела ќе бидеме константни. Нексе Нашице е голем фаворит, но убеден сум во добро издание. Имаме неколку повредени ракометари, Остроушко се жали на мала повреда, но верувам дека ќе го имаме на располагање в недела. Овие шест европски натпревари ни се подготовка за најважното кое следи, а тоа е плеј-офот на домашното првенство”,  изјави Стевче Алушовски – тренер на РК Еурофарм Работник.

Капитенот Ојлески смета дека промената на тренерот донесе свежина во играта на битолскиот тим и дека време е за победа пред домашната публика.

“Со новиот тренер екипата доби освежување. Напорно тренираме и верувам дека нема да ни се повтори натпреварот против Татабања. Имаме неколку повредени ракометари, но убеден сум во наше добро издание”, изјави капитенот на екипата, Гоце Ојлески.

Натпреварот се игра в недела во 19:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Фото: РК Еурофарм Работник

Повеќе од ДОМАШЕН РАКОМЕТ