Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

Дибиров ги растури Србите, ама не донесе победа

Ракометарот на Вардар е најдобар стрелец во досегашниот дел од Светското првенство.

Во дуелот со Србија постигна 12 гола од 13 шута, но не успеа да и донесе победа на Русија. Натпреварот заврши нерешено (30:30) што е одличен резултат за „зборнаја“ ако се знае дека противникот речиси постојано беше во водство.

На четири минути пред крајот Србија водеше со 30:28, но не успеа да постигне уште еден гол до последниот звук на сирената. Русија не само што израмни, туку имаше и девет секунди за да дојде до победа.

Сепак, Дибиров и компанија не успеаја да упатат шут кон противничкиот гол и мораа да се задоволат со еден бод.

Во српската селекција најефикасен беше Немања Илиќ со шест гола од седум шута, Вујиќ постигна пет, а Кукиќ четири.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ