Следете нѐ

ДОМАШЕН РАКОМЕТ

Дефанзивниот џин е нов ракометар на Металург

Хрватскиот пикер Тео Чориќ (27 г., 197 см., 120 кг) е нов ракометар на Металург.

Чориќ, кој во својата кариера настапувал во Замет, Пореч, Загреб и Штутгарт, последните две сезони ги мина во екипата на Рајн Викинг, член на втората Бундес лига.

Чориќ важи за одличен дефанзивен играч и ќе има голема улога во дефанзивната формација на Металург.

Договорот со Чориќ е потпишан со важност од 1,5 година, а на Металург тој ќе му се приклучи на 15-ти февруари.

фото: sportnet.rtl.hr

преземено: од rkmetalurg.mk

Повеќе од ДОМАШЕН РАКОМЕТ