Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ

„Вардарци“ ја водат Русија

Во дуелот со Србија блесна Тимур Дибиров, а против Јужна Кореја се истакна Данил Шишкарев.

Играчите на Вардар досега и донесоа три бода на руската репрезентација која уште е со шанси за пласман во втората фаза од Светското првенство.

Во второто коло славеше против Кореја со 34:27 и привремено застана на првото место на табелата во групата А каде се уште Германија и Франција.

Шишкарев беше најефикасен со 7 гола, а Тимур Дибиров постигна 3, многу помалку од оние 12 на дуелот против Србија.

Во корејската репрезентација Парк и Кванг беа најефикасни со по 4 гола.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТ