Следете нѐ

ДОМАШНА КОШАРКА

Јелена Антиќ има нов тим!

Најуспешната актуелна македонска кошаркарка по повеќе од една година се враќа на терените. По тешката повреда, таа потпиша со унгарскиот тим Чата.

Унгарскиот тим е вкупно деветти во кариерата на Антиќ, а осми надвор од нашата земја.

„Ни беше потребен играч на позицијата 3 кој има победнички менталитет и искуство. Го најдовме во Јелена која е врвен професионалец и која ќе биде големо засилување за нашиот тим“, изјави тренерот на Чата, Кристиан Турсич.

Почна во Вардар Младинец, а потоа играше за Партизан, Радивој Кораќ, Макаби Ашдод, Ман Филтер, Алба Јулија, Лулеа Баскет и Висла.

Покрај сите успеси и освоени титули, таа е прва македонска кошаркарска која заиграла во женската Евролига.

*преземено од basketball.mk

Повеќе од ДОМАШНА КОШАРКА