Следете нѐ

РЕПРЕЗЕНТАЦИИ КОШАРКА

Список на кошаркари повикани за сениорската репрезентација

Сениорската репрезентација во машка сениорска конкуренција идната седмица ќе го одигра последниот натпревар во рамки на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2021. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала во градот Плоешти на 21. февруари со почеток во 19:00 часот.

Предводникот на оваа национална селекција Јорданчо Давитков излезе со списокот на кошаркари кои треба да се појават в сабота на првата прозивка закажана во 17:00 часот во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански.

Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Александар Костоски
Дарко Соколов
Бобан Стајиќ
Андреј Магдевски
Димитар Караџовски
Марко Симоновски
Стојан Ѓуроски
Бојан Трајковски
Љубомир Младеновски
Бојан Крстевски
Андреј Маслинко
Ричард Хендрикс

Повеќе од РЕПРЕЗЕНТАЦИИ КОШАРКА