Следете нѐ

КОШАРКА

Владе Дивац влегува во “Куќата на славните”

Упатените колеги преку Океанот најавуваат индукција на ново име во Куќата на славните во Спрингфилд, а тоа ќе биде легендарниот српскиот кошаркар Владе Дивац, сега фронтмен на управата на НБА франшизата Сакраменто Кингс.

Владе Дивац е еден од седумте кошаркари со 13.000 поени, 9.000 скокови, 3.000 асистенции и 1.500 блокади во кариерата. Тој е четвртиот Србин што ќе биде избран во ова друштво, заедно со Аца Николиќ, Бора Станковиќ и Дражен Далипагиќ.

Дивац кој во моментов ја извршува функцијата спортски директор на Сакраменто во текот на кариерата настапуваше за Лос Анџелес Лејкерс, Шарлот и  Сакраменто Кингс.

Повеќе од КОШАРКА