Следете нѐ

КОШАРКА

(ВИДЕО) ЛеБрон во безизлезна ситуација: Пораз од градскиот ривал, плеј-офот сè подалеку

ЛА Лејкерс  доживеа пораз од градскиот ривал, ЛА Клиперс со 113:105 и со тоа го запишаа 5-тиот пораз на последните 6 натпревари.

Најдобриот играч на денешницата, Леброн Џејмс е се поблиску до реалноста дека со својот тим нема да биде дел од плеј-оф разигрувањето, за прв пат од сезоната 2004/2005. Тоа беше неговата втора година во НБА лигата.

Во натпреварот против Клиперс, Џејмс помина 42 минути на паркетот и одигра одлично со 27 поени, 8 скокови и шест асистенции. Освен Раџон Рондо, кој имаше трипл-дабл ефект, никој од другите соиграчи не го следеше ЛеБрон.

Кај ЛА Клиперс, најефикасен беше Данило Галинари со 23 поени и 6 скока.

Лејкерси со најновиот пораз, сега имаат ефект од 30 победи и 34 порази, додека Сан Антонио Спарси, тимот кој во моментов се наоѓа на 8-то последно место кое води во плеј-оф разигрувањето има ефект од 36 победи и 29 порази.

Според статистичките анализи, во последните 18 натпревари оваа сезона Лејкерс има само 1% шанса да влезе во плеј-офот. Покрај тоа, Кајл Кузма го напушти натпреварот поради повреда на зглобот, Брендон Инграм веќе подолго има проблеми со повреда на рамото и не игра, додека првиот плејмејкер, Лонзо Бол, нема да биде во комбинација за настап, најмалку уште една недела. Тоа се причините поради кои легендата на НБА лигата, Реџи Милер, смета дека Леброн Џејмс треба да се помири дека оваа сезона за нив е готова и да се насочи кон следната.

 

Повеќе од КОШАРКА