Следете нѐ

КОШАРКА

И гробарите му симнуваат капа на големиот делија

Честитки за успехот на Аустралиан Опен, за неговата 7-ма титула во Мелбурн и вкупно 15-ти Грен слем во кариерата, стигнуваат од сите страни. Новак Ѓоковиќ е топ-тема во свестките медиуми, поради тенисот што го игра и поради карактерот што го покажува на и вон терените.

Славните кошаркари на белградски Партизан, му честитаа на сонародникот за освоениот пехар и за начинот на кој што ја претставува Србија во меѓународни води, посакувајќи и тие да тргнат по неговите патеки.

Српскиот кошаркарски селектор Александар Ѓорѓевиќ и Богдан Богдановиќ беа меѓу првите со честитките. Играчот на Сакраменто Кингс, со еден стикер кажа се – јарецот е симбол за G.O.A.T (јарец, коза), кратенката за Greatest Of All Time, односно најдобриот на сите времиња.

Познато е дека Новак Ѓоковиќ е еден од најзагреаните навивачи на Црвена звезда и не пропушта прилика да ги следи натпреварите на својата омилена екипа, кога нема обврски.

Спортот треба да ги поврзува луѓето, овие џентлменски и пред се човечки позрави, односно начин на комуникација, треба да им бидат водилка на сите, од терените, преку трибините, па се до малите екрани.

фото: mondo.rs, MN Press

преземено од basketball.mk

Повеќе од КОШАРКА