Следете нѐ

ДОМАШНА КОШАРКА

Убедлива победа на МЗТ, “центарци” се во криза

МЗТ Скопје Аеродром славеше против Работнички со 85:63, во вечното дерби во рамките на Суперлигата кое се одигра во Аеродром.

По критиките од јавноста и навивачите за настапите во јадранската лига, домаќините одиграа максимално мотивирано и заслужено триумфираа против вечниот ривал кој на овој натпревар беше непрепознатлив.

Убедливиот пораз за гостите, трет во низа ја најави резултатската и играчка криза во која се наоѓа актуелниот шампион предводен од Марин Докузовски.

Центарскиот тандем на “металците” Иванов и Самарџиски беа лидери на аеродромци со дабл-дабл ефект, 26 поени и 10 скока, односно 18 поени и 16 скока.

Чавдар Костов и Димитар Караџовски беа единствените светли точки во редовите на Работнички.

Со оваа победа, кошаркарите на МЗТ Скопје се зацврстија на лидерската позиција на табелата со 47 бода (22/3).

Работнички и покрај трите порази во низа, се наоѓа на втората позиција со 45 бода (20/5).

Повеќе од ДОМАШНА КОШАРКА