Следете нѐ

ДОМАШНА КОШАРКА

Работнички сочувствува со Гостивар

Големите ривали, но и пријатели надвор од кошаркарските терени, се заедно во тешките моменти по големата сообраќајна несреќа во која загинаа 14 лица.

Во интерна комуникација, раководството на Работнички истакнало сочувство, но и поддршка за Кошаркарскиот клуб и цел Гостивар воопшто, а во исто време ги ставило на располагање сите свои расположливи ресурси за помош на повредените.

Меѓу другото, најтрофејниот македонски клуб беше првиот кој му даде поддршка на Гостивар во барањето за одложување на Купот на Македонија кое подоцна беше прифатено од МКФ.

Во Работнички играат двајца гостиварци – Виктор Ефремовски и Марјан Јанески, а во тимот на Гостивар има повеќемина кои во своите кариери го носеле дресот на Работнички: Марјан Србиновски, Александар Костоски, Диме Тасовски, Ивица Димчевски и Бојан Трајковски.

преземено од basketball.mk

 

Повеќе од ДОМАШНА КОШАРКА