Следете нѐ

ДОМАШНА КОШАРКА

МЗТ Скопје сочувствува со Гостивар

Кошаркарскиот прволигаш МЗТ Скопје Аеродром изразува искрено сочуство до семејствата и пријателите на загинатите 14 лица во страотната несреќа кај Карпалак.

На повредените им посакуваме брзо опоравување и заборавање на ужасот кој им се случи.

Истовремено, изразуваме сочуство до нашите големи спортски пријатели од КК Гостивар за што полесно да ја надминат загубата на нивниот кошаркар Јовица Трпевски.

Реакцијата е преземена од официјалниот ФБ профил на МЗТ Скопје Аеродром, а потсетуваме и дека нашиот национален Куп е одложен, поради страотната трагедија, по инсистирање на КК Гостивар.

Освен ривали, овие два колектива се и големи пријатели вон теренот. Тоа беше докажано и на последното спектакуларно дерби, одиграно во салата Младост.

Повеќе кошаркари или кошаркарски работници, во своите кариери ги носеа дресовите на двата клуба, како што тоа е случај со Андреј Магдевски и Александар Костоски на насловната фотографија.

Повеќе од ДОМАШНА КОШАРКА