Следете нѐ

ДОМАШНА КОШАРКА

МЗТ очекувано убедлив со Охрид

Вицепрвакот ја продолжува низата одлични резултати, со победата против охриѓани, со убедливи 88:61.

Аеродромци заиграа карактеристично од стартот, не попуштија до полувремето, во третата четвртина имаше мал пад во играта, но со последната само ја потврдија „лесната“ победа.

Кочов повторно ги разигра сите играчи, во најкомплетниот ростер во лигата, а тие му вратија со одлично распределен перформанс.

Бојиќ беше поентерски лидер со 15 поени, Самарџиски имаше 13, Љубомир Младеновски постигна 12 со 15 скока, по еден поен помалку имаа Дарко Соколов и Медфорд.

Кај гостите, Дрекаловиќ постигна 31 поен, а сите негови сограчи, освен Милојевиќ кој што имаше 8 поени, беа далеку од двоцифрен учинок во оваа категорија.

МЗТ Скопје е на втората позиција зад Блокотехна, двата тима имаат скор 13 победи и 2 пораза, со натпревар повеќе од третопласираниот Работнички кој што има 13/1.

Охрид е на 9-та позиција од 11 екипи, со учинок три победи и 11 порази во досегашниот тек од шампионатот.

Повеќе од ДОМАШНА КОШАРКА