Следете нѐ

ДОМАШНА КОШАРКА

Маслинко успешно опериран, се враќа за Суперлигата

Еден од најталентираните македонски кошаркари во моментов, Андреј Маслинко, ќе отсуствува од тренинзите и натпреварите на МЗТ Скопје Аеродром најмалку до почетокот на април, а причина за тоа е повредата на препоните, која пред неколку дена успешно му беше санирана по хируршки пат.

Крилниот центар беше опериран во болницата „Систина“, а се очекува наскоро да почне со рехабилитацијата откако ќе го мине постоперативниот период.

Болките во препоните му создаваа големи проблеми на Маслинко во последниот период, поради што во договор со стручниот штаб и со лекарскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром беше решено да замине „под нож“.

Македонскиот репрезентативец се очекува да биде максимално подготвен за најважниот дел од домашното првенство, а тоа се пресметките од Суперлигата и од плејоф разигрувањето.

Неговата енергија и експлозивност и тоа како ќе му дојдат добро на тренерот Ѓорѓи Кочов, во финишот од сезоната во кој примарна цел ќе биде враќањето на титулата во „Јане Сандански“ и влез во елитната АБА-лига.

Фото: МЗТ Скопје Аеродром

Повеќе од ДОМАШНА КОШАРКА