Следете нѐ

ДОМАШНА КОШАРКА

ИМАШЕ/ЛО ЛИ ИНЦИДЕНТ ВО ЧАИР: КК Тетекс обвини, па КК Чаир демантираше!

Иако е настан од пониските рангови на кошаркарските натпреварувања, не може да се заобиколи нешто што се случува подолго време, на истото место, што може многу лесно да се прелее и во поголем проблем.

Кошаркарите на КК Тетекс биле испратени со полиција од Чаир, каде што ова не е прв ваков инцидент, а во обраќањето на нивната Фејсбук страна, се вели:

Чаир 2030 – КК ТЕТЕКС 81-74

….КАТАСТРОФА ВО ЧАИР….

Нашата екипа беше донесена со полиција во Чаир, присуство од 50 полицајци+специјалци така бевмо и извадени од сала во полициски возила за да не бидеме линчувани во Чаир, навивачите не пцуеја на секаква основа пљукани, гаѓани со лименке плус играчите во терен удираја со све живо и диво по нас, КАТАСТРОФА …

БРУКА е ЧАИР воопшто да играат кошарка и дали Чаир е во Македонија е прашање големо, мие се осетивмо како да не сме во Македонија .. ЖАЛНО … 😔 црн ден за кошарката во МАКЕДОНИЈА … 😔😔😔😔

🏀🇲🇰….ЕДЕН Е ТЕТЕКС….🇲🇰🏀

По објавата на реакцијата на КК Тетекс од Тетово, за третманот што го добила оваа екипа на гостувањето во Чаир во Скопје, со соопштение се огласи и клубот домаќин на споменатиот натпревар, во кое што изворно, без корекции, се вели:

Демант:

Вие од спортските редакции и КК ТЕТЕКС од Тетово треба да се срамите од лагите што ги наведувате.

Навреди на национална и религиозна основа немаше во ниту еден момент за време на натпреварот.

Вие сами сте побарале полициска придружба од страв дека ќе има одмазда од наша страна после тоа што се случи во Тетово, ама испадна дека за страв немаше место.

Во нашиот прв меѓусебен дуел во Тетово тешко ни беа оштетени 4 возила, не навредувате во национална и религиозна основа во текот на целиот натпревар.

Вчера во ЧАИР беше прав КОШАРКАРСКИ ПРАЗНИК. Жал ние што во оваа игра има секогаш еден победник, а уште по жалосно а што вие тоа не можете да го прифатите.

Ама не е ни човечки, ниту спортски да се кажат невистини за да се прикрие поразот кој беше потполно заслужен на терен.

До вас спортски редакции.

Би ве замолил пред да ширите вакви лаги од вашите канцеларии да дојдете секогаш на кошаркарските натпревари што нашиот клуб ги игра во ЧАИР и сами да се уверите за коректноста и спортската атмосфера што владее во овој храм на кошарката.

Конкретно за овој натпревар да се обратите до тренери и претставници на многу други клубови кои беа присутни на овој натпревар за да дознаате дали има барем малку вистина во ова што го пишувате…

Повеќе од ДОМАШНА КОШАРКА