Следете нѐ

ДОМАШНА КОШАРКА

Значајна победа за Гостивар

Иако има уште многу да се игра, а претстои и Суперлигата, гостиварчани се чини ја остварија најважната победа во овој дел од сезоната.

На гостувањето кај директниот ривал за четвртата позиција, Гостивар го победи Фени Индустри со 80:90 и со натпревар помалку има ист број победи. Дуелот беше драматичен и победникот се одлучуваше во дополнителни пет минути откако основните 40 завршија со 77:77.

Гостивар направи подвиг бидејќи на околу четири минути пред крајот на натпреварот имаше 11 поени негатива (76:65). И во такви услови гостинските кошаркари не се предадоа, одговорија со серија од 10:0 и се доближија на само поен негатива на 20 секунди пред крајот.

Пајиќ од линијата за слободни фрлања можеше да го однесе Фени во многу попооволна позиција, но беше прецизен само еднаш за 77:75. Во последниот напад Бојан Трајковски постигна кош и го однесе натпреварот во продолжение.

Во него Гостивар почна со 11:0 пред Фандербург да го постигне единствениот кош за Фени Индустри.

Фандербург со 32 поена и 9 скока беше убедливо најдобар поединец на домашната екипа. Бојан Трајковски во својот втор натпревар го предводеше Гостивар до победата постигнувајќи 22 поена и 15 скока.

Повеќе од ДОМАШНА КОШАРКА