Следете нѐ

ДОМАШНА КОШАРКА

ЕКСТРА ЗАСИЛУВАЊЕ: Дариус Вашингтон нов играч на Работнички

Екипата на Работнички донесе огромно засилување, откако потпиша договор со Дариус Вашингтон.

Дополнителен плус за шампионот е податокот дека Американецот ќе настапува како домашен играч, бидејќи со години наназад поседува и македонски пасош.

Вашингтон, кој има 33 години и настапува на плејмејкерската позиција, во Работнички доаѓа како слободен играч. Последниот професионален ангажман го имаше во Грција, во 2018 година, каде настапуваше за тимот на Ираклис, а потоа беше дел и од американски ДРЦ.

Претходно, во својата кариера Вашингтон настапуваше за ПАОК, Галатасарај, Лотоматика Рома, Турк Телеком и Хапоел Елијат.

За потсетување, Работнички во текот на вчерашниот ден ги комплетираше и трансферите на Американецот Ксавиер Џонсон и на бекот на Охрид, Стефан Младеновиќ, а Американецот со македонски пасош е третото засилување за актуелниот првак.

Работнички регуларниот дел на сезоната го заврши како лидер и во Суперлигата влегува со скор 18-2.

Повеќе од ДОМАШНА КОШАРКА