Следете нѐ

ДОМАШНА КОШАРКА

Голем удар за амбициите на Работнички – се повреди Бојан Крстевски

Кризата во таборот на актуелниот шампион Работнички може уште повеќе да се продлабочи по трите порази во низа, откако на вечното дерби против МЗТ Скопје повреда заработи стартниот центар Бојан Крстевски.

Репрезентативецот Крстевски се здоби со повреда во 27-та минута, кога лошо доскокна во дуел под сопствениот кош и ја нагази ногата на Предрег Самарџиски.

Оваа незгодна повреда на центарот на Работнички, со сигурност ќе го оддалечи Крстевски извесно време од терените.

На оваа позиција Докузовски веќе го загуби Кире Николовски поради повреда, а не беше регистриран Ксавиер Џонсон поради административни причини, па тренерот на шампионот Марин Докузовски на следните средби ќе може да смета само на двајца високи кошаркари, и тоа ветеранот Ѓорѓи Чековски и крилниот центар Марјан Јанески.

Повеќе од ДОМАШНА КОШАРКА