Следете нѐ

ДОМАШНА КОШАРКА

Американецот Фанденбурк ја засили Блокотехна

Пред почетокот на Ф4 турнирот во БИБЛ регионалната лига, домашната Суперлига и завршницата на Купот на Маледонија, Блокотехна од Гевгелија договори големо засилување.

Гевгелиската екипа го обезбеди потписот на американскиот интернационалец Кени Фанденбург од Фени Индустри.

Трите фронта каде што гевгеличани имаат високи аспирации и кратката клупа, што се виде и на дербито во Скопје кога техничарите беа прегазени од шампионот Работнички, се најверојатната причина за засилување на играчкиот кадар.

Кени Фанденбурк (193, 1992) во досегашните настапи за Фени Индустри, играше во просек над 36 минути по натпревар, со над 20 поени и скоро 50 проценти реализација од поле.

Блокотехна како третопласирана екипа ќе влезе во Суперлигата, а ќе дебитира пред своите гледачи против Гостивар.

Денес, со почеток во 17:00 часот во Тирана, Блокотехна ќе се бори за титулата во БИБЛ лигата, во натпревар против бугарски Академик Бултекс, на кој се очекува деби за својот нов клуб на Кени Фанденбург.

Повеќе од ДОМАШНА КОШАРКА